Фановите на Барса се бесни: Нејмар доби три, Рамос само еден меч суспензија!

by
3 минути читање

Серхио Рамос поради опасен старт со две нозе врз Меси доби директен црвен картон на Ел Класико дуелот, на кој не играше Нејмар поради тоа што одлежуваше три меча суспензија.

Фудбалската федерација на Шпанија му даде само еден меч суспензија на Серхио Рамос иако тој доби директен црвен картон за опасен старт, плус влезе во вербален дуел со судијата.

Од друга страна пак Нејмар за втор жолт картон и аплауз кон судијата беше казнет со три меча суспензија.

Навивачите на Барселона се бесни поради ваквата одлука Фудбалската федерација на Шпанија, сметаат дека тие имаат двојни аршини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани