1,3K
Директорот на Барса, Деко вели дека нема да има никаков проблем со Ламин Јамал околу потпишување на нов договор.
На Барса не ѝ „цветаат рози“ кога финансиите се во прашање, а Ламин Јамал за кратко време стана мега ѕвезда, па некои навивачи стравуваат дека на негова адреса пристигнуваат многу побогати понуди отколку што каталонскиот клуб може да му даде.
Но, Деко вели дека нема да има никаков проблем и наскоро Јамал ќе стави потпис на нов договор.
„Нема да има никаков проблем за новиот договор на Ламин Јамал“, рече Деко.