Фановите на Барса имаат две барања по поразот од Атлетик Билбао

by
1 минути читање

Фановите се разочарани од перфромансите на Барселона и стартот со пораз на новата сезона.

Според шпанските медиуми, фановите имаат две барања до раководството на клубот, Ернесто Валверде да добие отказ и да биде вратен Нејмар во овој преоден рок.

Барселона два пати по ред се посрамоти во Лигата на шампионите откако испушташе предност од по три гола разлика. Валверде тогаш го загуби кредибилитетот кај навивачите, а дел од нив се чудат како тој се уште им е тренер.

Покрај отказ на Валверде, од коментарите на социјалните мрежи може да се заклучи дека фановите на Барса го сакаат Нејмар. Сметаат дека со него можат да ја продолжат доминацијата во Шпанија, но и повторно да се искачат на тронот на Европа.

Поразот од Атлетик Билбао го зголемува притисокот врз раководството на Барселона, а дали и како тоа ќе реагира ќе видиме во наредните денови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×