Нејмар е на чекор
до заминување од Барселона за рекорден трансфер во Париз со кој ќе бидат
испишани нови страни од фудбалската историја.
ПСЖ нема да штеди
за да го донесе Бразилецот и ќе го направи еден од најплатените играчи во
Европа со плата од над 30 милиони евра, а напаѓачот и неговиот татко ќе добијат
уше десетици милиони евра во бонуси, премии и провизии.
Ова не им се
допаѓа на навивачите на Барса, па некој решил незадоволството од социјалните
мрежи да го пренесе и низ улиците на Барселона
Во непосредна
близина на Камп Ноу, на бандера се појави плакат со кој се бара предавникот
Нејмар.
„СЕ БАРА
ПРЕДАВНИК“ – гласи насловот, а на плакатот има слика од Бразилецот и симболи за
долар.
„Платенеците
надвор од Барселона. Само играчи кои го сакаат овој дрес” – е напишано во остатокот од поракта.