Фановите на Астон Вила му замеруваат на Емери, направи една голема грешка!

by riste
1 минути читање

Астон Вила со 3-2 го победи ПСЖ, на англискиот тим му недостасуваше уште еден погодок за да ја анулира негативата и да го однесе дуелот во продолженија.

По третиот даден гол, Астон Вила имаше неколку фантастични шанси, не успеаа да погодат Тилеманс, Конса, Асенсио…

Унаи Емери на фантастичен начин ја води Астон Вила и фановите му се благодарни што го однесе тимот толку далеку, но вчера имаа замерка за еден негов потег.

Астон Вила бркаше резултат, бараше да постигне уште еден гол, па шокантна беше одлуката на Емери во 76. минута да го извади Рашфорд од игра иако тој имаше многу енергија и му создаваше проблеми на ПСЖ.

Фановите на социјалните мрежи го истакнуваат тој потег како голема грешка на Емери и веруваат дека можеше да биде поинаку доколку Рашфорд останеше во игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани