Фановите на Арсенал во промоцијата на новите дресови видоа причина за радост (ФОТО)

by
1 минути читање

Алексис Санчез и Месут Озил ги промовираа новите дресови на Арсенал, па дел од навивачите на клубот тоа го протолкуваа како нивно останување во тимот.

Иако сликањето на Озил и Санчез во новиот дрес не мора ништо да значи, сепак е некаков позитивен знак дека би можеле да потпишат нови договори.

Актуелните договори на двете најголеми ѕвезди истекуваат во јуни 2018 година, па доколку клубот не им ги продолжи ќе треба да ги продаде ова лето со цел да заработи од нивното заминување.

Покрај нови богати договори, Озил и Санчез бараат и конкурентен тим со кој ќе можат да атакуваат на трофејот во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани