Фан на Аталанта влезе во терен, му даде гол на Свилар па ќе се степаше со Србинот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Аталанта се радуваа во дербито против Рома (2-1) во рамките на 36. коло на италијанската Серија А.

За време на натпреварот се случи интересна сцена, бидејќи еден домашен навивач успеа да стигне до теренот. Тој влезе во шеснаесетникот со топка, ја намести и му „даде гол“ на Миле Свилар, а потоа и прослави.

Тоа не му се допадна на српскиот голман кој го турна и сакаше дури да се пресмета со навивачот. За среќа бргу реагираа присутните и беше избегнат поголем инцидент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×