Бојкот на фан-клубовите на Милан поради радикалните промени, откажано гостувањето во Загреб!

by 24 фудбал
8 минути читање

Фудбалскиот клуб Милан воведе радикални промени среде сезона кои не им одговараат на фан-клубовите. „Росонерите“ низ светот имаат огромен број поддржувачи, а преку здружението АИМЦ (Здружение на фан-клубови) навивачи од целиот свет добиваа можност за организирана посета на „Сан Сиро“ и натпреварите на Милан. Сепак, клубот се реши за радикална промена преку ноќ, бидејќи го смени начинот на продажба на билети.

Наместо досегашниот полесен начин во кој фан-клубовите добиваа одредена бројка билети и навивачите без премногу потрошена енергија патуваа да го гледаат Милан, тоа повеќе нема да биде возможно. Клубот ја забрани групната продажба на билети, а со тоа е отежната организацијата на патувања од други земји во Италија на натпреварите. Од натпреварот со Интер членовите на фан-клубовите ќе имаат предност за купување билети пред останатите, меѓутоа ќе мораат лично да си ги набават картите преку официјалните канали. Тоа никако не им оди од рака на фан-клубовите кои ќе бидат со „врзани“ раце при организација на патувања на натпреварите.

Поради оваа причина навивачката група „Курва Суд“ се солидализира со АИМЦ и откажано е гостувањето во Загреб кај Динамо во последното коло од Лигата на шампионите. Двете страни објаснија дека организирано гостување во Хрватска нема да има, а побараа од клубот разврска на ситуацијата.

Ова директно засега и македонски навивачи, бидејќи фан-клубот „Диаволи“ исто така е приморан да го откаже гостувањето во Загреб. Сепак и покрај потешкотиите тие обезбедија билети за натпреварот со Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани