Фацио се пожали на арбитражата: Ова е срамно, не ни досудија два чисти пенали! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома дојде до
победа во реванш пресметката против Ливерпул на домашен терен со 4-2, но,
недоволно за да ја анулира негативата стекната од првиот меч во Англија со 5-2.

Сепак, многу
работи би биле поинакви доколку словенскиот арбитар Дамир Скомина досудеше два
очигледни пенали за италијанската екипа, за тоа се пожали и спортскиот директор
на Рома, Мончи, но и дефанзивецот Фацио, кој начинот на кој се делеше правдата
на средбата во Рим ја оцени како срамна.

Ова е срамно,
имавме два чисти пенали а не ни ги досудија, би додал и тоа што мечот беше
продолжен на само три минути. Како и да е, иако сме оштетени, мораме да мислиме
позитивно, имаме екипа која од натпревар во натпревар созрева и игра се поубав
и поубав фудбал, напредуваме, тоа е најважното
“ рече Фацио.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×