Фабрегас: Зошто капитените стоеја на три метри кога избираа страни а кога се борат за топка се лице во лице?

by
1 минути читање

Бундеслигата е едно од првите првенства од Европа кое продолжи по паузата
од два месеци поради пандемија на коронавирус. Фудбалот не само што се игра пред
празни трибини, фудбалерите треба да се придржуваат до строги правила и
протоколи за социјална дистанца.

Сеск Фабрегас, за кого сезоната е завршена откако владата на Франција
забрани спортски активности до септември, изрази незадоволство од она што го
гледа, и призна дека треба време да се навикнеме на новите услови.

„Ми се чини дека гледам тренинг сесија а не натпревар. Можете да ги
слушнете играчите и тренерите како се дерат. Веројатно сега многу повеќе ќе ја
цениме моќта на фановите. Капитените стоеја на три метри кога избираа страна, но
кога се борат за топката се лице во лице…
“ – напиша Шпанецот на социјалните
мрежи.

„Сепак, мило ми е што фудбалот се врати, на сите ни е потребен но верјатно
ќе ни треба многу време да се навикнеме на овој нов фудбал“.

Кога падна првиот гол, а фудбалерите не прославија заедно, следуваше нов пост:
„Не може заедно да славите гол? Не го знаев ова“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×