Шпанецот има титула со Барса од Ла Лига во 2013, како и уште неколку други трофеи во дресот на „Каталонците“.
Сеск Фабрегас, кој е продукт на младинската школа на Барселона, сепак вели
дека подраги му се титулите со Челси бидејќи Премиерлигата е многу потешка од
Ла лига.
„Има нешто во овој трофеј што го прави поразличен од сите оние други кои
имав среќа да ги освојам” – вели фудбалерот од средниот ред.
„Да се подигне пехарот од Премиерлигата е нешто специјално, ви дава
специјално чуство”.
„Имам играно во
Шпанија, и гледам многу фудбал, ги следам првенствата на Германија, Франција и
Италија, па можам да кажам дека Премиерлигата е најдоброто првенство во светот”.
„Можебеи
најдобрите играчи во светот не играат тука, но ова е најконкурентното
првенство, и дефинитивно најтешко за освојување”.
„Па многу сум
горд што успеав да стигнам до две титули за три години”.
„Зошто е толку
тешко? Секој може да ве победи. Играв во Шпанија, има многу натпревари на кои
треба да одиграте навистина лошо за да загубите подови”.
„Тука секој
натпревар е тежок”.