661
Деле Али кој важеше за голема англиска надеж, оваа недела ќе почне да тренира со екипата на Комо од Серија А.
Планот е Деле Али да тренира со фудбалерите на Комо под водство на Сеск Фабрегас, а потоа да биде одлучено дали ќе потпише договор со италијанскиот клуб.
На почетокот од својата кариера, 28-годишниот Деле Али имаше блескави изданија за Тотнем, но потоа неговата форма почна нагло да паѓа.
Играше за Евертон и за Бешикташ, но и во двата клуба беше непрепознатлив.
Во меѓувреме тој откри дека има психолошки проблеми, но сака да се врати во форма и да го покаже најдоброто од себе.
Деле Али има 37 настапи за репрезентацијата на Англија.