Фабрегас им кажа на обложувачите како треба да одиграат! (ФОТО)

by
3 минути читање

Белгија се избори
за дуел со Бразил во четвртфиналето со голем пресврт и гол во последните
секунди од мечот со Јапонија. „Црвените ѓаволи“ важеа за големи фаворити во
пресрет на дуелот, но никако не успеваа да го скршат противникот во првото
полувреме.

На стартот од
вториот дел следуваше ладен туш, Вертонген погреши а Харагучи погоди за 0-1 во
48. минута. Само четири минуди подоцна Инуи приреди нов шок со бомба од 20
метри.

По ваквиот
расплет на настаните, Сеск Фабрегас се огласи на социјалните мрежи и напиша
дека ова е прав момент да се вложи на победа на Белгија.

„Сега е време да
се стави 5 фунти на победа на Белгија момци“
– гласеше твитот на фудбалерот на
Челси.

Белгија не можеше
да се состави со топката по двата примени гола, но откако во игра влегоа
Фелаини и Шадли работите се променија. Вертонген најпрво намали, за Фелаини да
изедначи на 2-2 во 74. минута.

Иако до крајот
имаше уште многу, избраниците на Мартинез не притиснаа по трет гол но добија подарок
во последните секунди од мечот. Јапонија изведе корнер право во рацете на
Куртоа, кој веднаш го проигра Де Брајне, топката беше упатена десно кон
осамениот Мунје, за на крај да следи додавање во срцето на шеснаесетникот каде
осамениот Шадли не згреши за 3-2 и големо славје.

По крајот на
натпреварот, Сеск Фабрегас одново се огласи на Твитер и праша: „Кој стави 5
фунти?“

Следуваа неколку
одговори од неговите следбеници кои му се заблагодарија за советот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани