Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас вели дека е исклучително тешко да се најдат италијански фудбалски таленти кои ќе можат да играат на највисоко ниво.
Фабрегас важи за еден од најперспективните млади тренери, овојпат зборуваше за италијанските таленти.
„Тешко е да се најдат италијански таленти. Знам дека ние потпишавме многу шпански фудбалери, јас лично скаутирав италијански играчи и ви тврдам дека ги гледав и ги анализирав младинците кои можат да се развијат до нашето ниво, беше неверојатно тешко“, вели Фабрегас.
„Вистина е дека најдобрите италијански играчи одат во големите клубови како Интер или Јуве што се ниво над нас, но тешко е“.
„Ние сакаме да потпишуваме Италијанци, не можеме да најдеме за првиот тим, но се надевам дека во иднина ќе најдеме некои“.
„Се обидуваме преку нашите младински тимови да ги учиме на нашиот начин на игра уште на 15 години, па да можат да бидат подготвени“.
„Го знам добро шпанскиот пазар, таму има многу талент. Ако можам да бирам меѓу шпански и италијански играчи кои се на исто ниво, би одбрал Италијанец“.
„Не е мое да кажам што е проблемот, но ние се обидуваме“.