Фабрегас би можел да му биде тренер на Елмас?

by riste
1 минути читање
Фабрегас

Германските медиуми пишуваат дека Сеск Фабрегас е еден од тренерите кои можат да седнат на кормилото на Лајпциг.

Откако го отпушти Марко Розе, Лајпциг го назначи Золт Лев за привремен тренер, а во меѓувреме клубот бара тренерско решение за следната сезона.

Има неколку кандидати, а еден од нив е и тренерот на Комо, легендарниот Сеск Фабрегас.

Уште е нејасно дали Елмас ќе се врати во Лајпциг по завршувањето на позајмицата во Торино. Македонецот не е евтина варијанта за италијанскиот клуб, па можно е да не го откупат.

Елмас посакува да продолжи да игра во Серија А, но реална е опцијата да се врати и да продолжи во Лајпциг, тоа ќе зависи и од замислите на новиот тренер.

А дали тоа ќе биде Фабрегас, веројатно ќе се знае по крајот на сезоната. Засега изгледа дека Шпанецот е верен на проектот на Комо и не сака да ја смени средината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани