Фабрегас: Арсенал ми е во срцето, но…

by
1 минути читање

Шпанскиот фудбалер помина осум години во Арсенал, имаше повеќе од 300 меча за тој тим пред да замине во Барселона од каде се врати во Лондон но го облече синиот дрес на Челси.

Челси ја освои Премиерлигата, а следна цел е ФА Купот, во финалето на 27. мај ќе играат против Арсенал, Фабрегас не крие дека тоа ќе биде посебен меч за него.

„Ќе има емоции, не сум многу среќен што ќе играм против Арсенал бидејќи тоа е клуб кој е во моето срце и секогаш ќе биде“ – вели Фабрегас.

„Но треба да ги тргнам чувствата на страна и да бидам професионалец. Се разбира, ова не е обичен меч за мене“.

„Но тоа е фудбалот, се надевам дека ќе победиме и ќе ја освоиме двојната круна. Тоа би била фантастична сезона за Челси, за фудбалерите, за Конте“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани