Фабио Канаваро доби егзотична селекторска понуда

by 24 фудбал
1 минути читање

Фабио Канаваро би можел да седне на клупата на репрезентацијата на Узбекистан, објави познатиот новинар Фабрицио Романо. Според информациите, федерацијата веќе стапила во контакт со италијанскиот стратег и во тек се преговори.

Канаваро последно работеше во Динамо Загреб, кој го презеде во зимската пауза минатата сезона. Сепак, не се задржа долго и доби отказ во април по само 14 одиграни натпревари. Во тој период оствари седум победи, две ремија и пет порази.

Узбекистан веќе има изборен настап на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, што ќе биде дебитантски настап за оваа репрезентација. Селекцијата е без селектор од јануари, кога поради здравствени проблеми се повлече поранешниот македонски селектор Среќко Катанец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×