Килијан Мбапе ја
освои светската титула во дресот на Франција, тоа го направи на свои 19 години
а доби и награда за најдобар млад фудбалер на турнирот од Русија.
ПСЖ има голем
фудбалски бисер во своите редови, а новајлијата во дресот на Ливерпул, Фабињо
беше соиграч со напаѓачот во Монако, тие се блиски пријатели, а веројатно
Бразилецот ќе се обиде да го искористи тоа и на Ливерпул да му донесе мега
засилување.
„Килијан ми
испрати порака со честитки откако потпишав за Ливерпул“ рече Бразилецот.
„Немав се уште
прилика да му честитам на тоа што го стори на Светското првенство, тоа што го
направи Франција е фантастично. Тоа што Мбапе го направи во последните две
години во професионалниот фудбал е неверојатно, тој е феномен и треба да му се
честита на тоа“ додаде тој.
Фабињо даде едно
големо ветување, колку е тоа реалност, ќе покаже времето, истакна дека со текот
на времето ќе се обиде да го убеди суперталентираниот Мбапе да премине во
редовите на тимот од Енфилд.
„Тој веќе ми кажа
дека ќе остане во ПСЖ наредната сезона, но, полека но сигурно јас ќе се обидам
да го убедам да дојде во Ливерпул“ порача тој.