ФА покрена постапка против Сколс, на фудбал се обложил дури 140 пати!

by
1 минути читање

Фудбалската асоцијација на Англија има строги правила за обложување, сите кои се инволвирани во фудбалот не смеат да се обложат на ниту еден фудбалски натпревар или да ставаат облози поврзани со фудбалот (отказ на тренер, следна дестинација на играч и сл.) па последниот кој се најде на тапет е Пол Сколс.

Денеска е покренато обвинение против легендата на Манчестер јунајтед, ФА вели дека има докази дека Пол Сколс се обложил 140 пати од август 2015 до јануари 2019.

Поранешниот фудбалер од средниот ред, кој во периодот од февруари до март оава година, 31 ден беше на тренеското столче Олдам, поседува 10% од акциите на петолигашот Салфорд и затоа се смета како фудбалски работник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×