Играчот за врска на Манчестер Сити, Родри, се најде под истрага на Фудбалската асоцијација поради коментарите кои ги даде за судењето по неодамнешниот натпревар.
Шпанецот јавно го изрази незадоволството по ремито со Тотнем, тврдејќи дека одлуките биле на штета на неговиот тим. Родри тогаш „удри“ по одлуката за голот на „петлите“ при кој Доминик Соланке го удри Марк Геи при шутот.
Реакцијата на Родри доведе до официјална постапка. Во соопштението се наведува дека фудбалерот е обвинет за несоодветно однесување во интервју по мечот, односно за изјави кои сугерираат пристрасност и го доведуваат во прашање интегритетот на судиите. Тој има рок до 18 февруари да се произнесе по обвинувањата.
Дисциплинските правила не нудат прецизна рамка за санкцијата, но суспензија е реална опција.