872
Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) му изрече суспензија на Матеус Куња поради инцидентот по натпреварот со Ипсвич во Премиер лигата.
Вулверхемптон го загуби тој дуел на 14 декември на свој терен, а по средбата Куња се однесувал неспортски. Напаѓачот физички нападнал и удрил член на стручниот штаб на Ипсвич, поради што се најде пред Дисциплинската комисија.
ФА му одреди суспензија од два натпревари на асот на Волвс, а исто така и парична казна од 80.000 фунти откако тој призна вина. Тоа значи дека Куња нема да игра против Нотингем Форест во Премиер лигата и против Бристол во ФА купот.