Eден од најславните португалски фудбалери на сите времиња објави крај на кариерата! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и екс-португалски репрезентативец, Луис Нани стави крај на богатата кариера.

Нани се повлекува од фудбалот откако помина шест месеци во татковината каде што го носеше дресот на Естреља Амадоре.

Кариерата Нани ја започна во Спортинг Лисабон каде што го привлече вниманието на Серр Алекс Фергусон кој за него плати 25.5 милиони фунти.

Во Манчестер јунајтед помина осум сезони и освои четири титули во Премиер лигата и една титула во Лигата на шампионите. По Манчестер јунајтед го носеше дресот на: Фенербахче, Мелбурн, Адана и споменатата Амадора.
Последниот натпревбар Нани го одигра против Спортинг на почетокот на ноември.

„Дојде ввреме да се каже збогум, одлучив да ја завршам професионалната кариера. Беше ова неверојатно патување и сакам да се заблагодарам на секој кој ме поддржа во моите подеми и падови. Кариерата ми траеше повеќе од 20 години. Време е да се сврти нов лист и да се насочам кон нови цели и соништа. Се гледаме наскоро“, напиша Нани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×