330
Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер негира дека Еберечи Езе ќе се пресели во Тотнем ова лето.
Интересот за Езе е голем, а најзагреани за неговиот потпис се ривалите од Северен Лондон, Арсенал и Тотнем.
Според англиските медиуми Тотнем е најблиску до потписот на Езе, но Гласнер вели поинаку.
„Еден совет за сите деца што гледаат: не верувајте на сѐ што ќе прочитате, особено на интернет“, вели Гласнер во тв изјава.