Европскиот шампион Италија можен противник на Македонија, „аѕурите“ не ја победија Северна Ирска (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По Португалија, Македонија доби уште едно звучно име за можен противник во баражот за мундијалот, европскиот шампион Италија ќе мора дополнително да се помачи за да патува во Катар.

Вечерва, избраниците на Манчини одиграа само 0-0 на гостувањето во Северна Ирска, па Швајцарија со победа од 3-0 над Бугарија, го обезбеди првото место во групата и настап на Светското првенство.

Шкотска исто така ќе биде дел од потенцијалните противници на Македонија во баражот откако на домашен терен ја победи Данска со 1-0 и обезбеди доволно бодови за да биде помеѓу носителите во баражот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани