Според
информациите кои што пристигнуваат од Италија, тамошните медиуми пишуваат дека
дури 33,000 билети биле продадени досега за реванш мечот против романска
Крајова во третото коло од квалификациите за Лига Европа.
Со оглед на тоа
што бројката изминатите неколку години на трибините не надминуваше 25,000
гледачи на „Сан Сиро“, очигледно е дека големата амбициозност која тимот од
Милано ја најави со активноста на трансфер пазарот ова лето, привлече голем
број фанови на овој клуб да се вратат на трибините.
Очекувањата се
дека бројката фанови ќе стигне до 50,000, инаку вкупниот капацитет на „Сан Сиро“
е 80,000.
Калчолигашот од Италија се враќа на големите фудбалски збиднувања во Европа по пауза од цели три години.
Милан првиот меч
против романскиот тим го игра на гостински терен, утре (20,00 часот), додека
пак реваншот го игра идниот четврток.