278
„Стартиот континент“ ќе добие нов владател откако во првото осминафинале, Швајцарија со 2-0 славеше во пресметката против Италија.
Нок-аут фазата на Европското првенство во Германија започна со елиминација на актуелниот шампион.
Во Берлин, Швајцарија сосема заслужено славеше против Италија со 2-0.
Резултатот беше отворен во 37. минута, Фројлер доби топка од Варгас и прецизно биеше покрај стативата за 1-0.
Новиот шок за „аѕурите“ следеше на стартот од вториот дел, Варгас си направи простор за шут и прекрасно погоди во аголот за 2-0.
Избраниците на Спалети прикажаа премалку, упатија само еден шут во рамките на голот, па со вакво издание, не можеа да бараат пласман понатаму.