Фудбалерите на Комо приредија изненадување и славеа победа во рамките од 25. коло против Фиорентина со 0:2.
Избраниците на Фабрегас немаа премногу шанси, но знаеа да ги искористат оние кои ги имаа и освоија важни три бода. Резултатот беше отворен пред крајот на првиот дел кога Санеа Диао стрелаше за водство, додека конечниот резултат го постави Нико Паз кој постигна вистински еврогол во 66. минута.
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 16, 2025
GOAL: Nico Paz
Fiorentina 0-2 Comopic.twitter.com/YdXKw0Zms0
Фиорентина создаде неколку добри прилики за гол, но изостана реализацијата, па Комо успеа да слави.
Со овој триумф Комо дојде до 25 бода со кои се наоѓа на 13-тата позиција.
За Фиорентина ова беше седми пораз, а остана 42 бода, додека во следно коло ќе гостува на Верона.