Патрис Евра вели дека Мајкл Керик заслужува повеќе почит за сработеното на жешкото столче на Олд Трафорд и ги повика легендите на Манчестер јунајтед да намалат со критиките.
Мајкл Керик повторно ги врати „ѓаволите“ во битката за место во Лигата на шампиони, но Манчестер јунајтед има пад во формата на последните неколку натпревари, па пристигнаа многу критики по поразот од Њукасл.
И тоа најгласни се легендите како Пол Сколс, Гери Невил и Рој Кин.
Ова не му се допадна на Патрис Евра, кој вели дека Мајкл Керик заслужува повеќе почит за она што го сработи на жешкото столче на Олд Трафорд.
„Се надевам дека сторито на Пол Сколс на Инстаграм е лажно, или дека некој му го хакирал профилот“ – вели Патрис Евра.
„Пол Сколс беше еден од најтивките како играч, а сега кога е стручен коментатор, се расфрла со бомби по медиумите. Навистина не ми е јасно зошто Мајкл Керик не добива соодветна поддршка, тој е еден од нас и врши добра работа“.
„Целта е топ четири пласман и нема потреба од негативните коментари на Сколс, Невил или Кин. Но така е кога работиш на телевизија, не можеш да бидеш позитивен, мора да бидеш негативен“.
„Како играчи, тие се легенди, но како тренери или менаџери, не можат да се пофалат со успех“.
Французинот потоа се насочи директно кон Гери Невил: „Лесно е да се зборува на телевизија. Но кога беше во Валенсија, од него беше побарано паеља, а ти им даде риба и помфрит. Па те избркаа по три месеци“.