Евертон врза две победи со Анчелоти, три бода од гостувањето кај Њукасл (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По триумфот над Барнли на домашен терен, Евертон победи и на гостински кај Њукасл. Прв пат оваа сезона во Премиерлигата врзуваат две победи по ред.

Резултатот го отвори Калверт Луин откако најдобро се снајде во шеснаесетникот на противникот во 13. минута, Евертон поведе со 1-0.

По десетина минути игра во вториот дел, сличен погодок постигна Шар и го изедначи резултатот на 1-1.

Но овој резултат не траеше долго, во 64. минута по асистенција од Ришарлисон, Калвер Луин повторно постигнува гол, овој пат за победа од 2-1.

Во останатите мечеви од Премиерлигата кои се играа од 16 часот, Вотфорд со 3-0 ја победи Астон Вила, Саутемптон и Кристал Палас одиграа нерешено 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×