Евертон со бод си замина од Етихад, Сити се спасуваше од пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед не успеа да го освои целиот плен на свој терен против Евертон, одигра само 1-1.

Резултатот беше отворен во 35. минута кога Левин го пронајде Руни сам во шеснаесетникот на кого не му беше тешко да реализира за водство на Евертон од 1-0.

Во финишот од првиот дел Вокер набрзина заработи два жолти картони и Манчестер Сити остана со фудбалер помалку.

Но и покрај тоа што играше со десет фудбалери, Манчестер Сити имаше голема доминација, напаѓаше за да го изедначи резултатот и во тоа конечно успеа во 82. минута.

Холгејт со глава по грешка спушти една топка до Стерлинг на кого убаво му легна и со силен волеј ја смести во мрежата на Пикфорд за 1-1.

До крајот на мечот и Шнајдерлин доби црвен картон па натпреварот заврши нерешено и кога исклучувањата се во прашање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани