164
Ливерпул и
Манчестер Сити полека се одвојуваат на врвот на табелата. По триумфот на
„црвените“ кај Шефилд јунајтед во првиот меч денеска, вечерва „граѓаните“
славеа на Гудисон парк и се вратија на пет бода негатива.
Евертон пружи отпор но мораше да се предаде пред шампионот. Гостите поведоа во 24.
минута кога Де Брујне испрати извонреден центаршут а Жесус со глава погоди за
0-1.
Десет минути
подоцна, домаќините изедначија, Калверт Луин реализираше за 1-1 и најави
интересен меч.
Сепак, квалитетот
на Манчестер Сити дојде до израз во продолжението од мечот, најпрво Марез се
запиша во листата на стрелците за 1-2. во 71. минута за Стерлинг да ја осигура
победата во 84. минута.