„Скај Спортс“
известува дека Евертон категорично одбил богата понуда која пристигнала од
Барселона, адресирана за Ришарлисон, откако јасно е дека Каталонците извесен
период се во потрага по наследник на Луис Суарез во нападот на таа екипа, во
моментов дури и замена за повредениот Уругваец.
Ришарлисон е прва
ѕвезда на „Карамелите“, игра одлично и под кормилото на својот нов тренер Карло
Анчелоти, сезонава постигна осум погодоци за Евертон, каде дојде по трансферот
од Ватфорд пред 18 месеци за 50 милиони фунти.
Се верува дека
Бразилецотдолго е желба на спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал кој во
напаѓачот гледа идеален фудбалер кој би го имплементирал стилот на игра кој го
негува токму Суарез.
Сепак, Ришарлисон
минатиот месец стави потпис на нов договор со Евертон со важност од пет години,
а останува дилемата колку Бразилецот на свои 22 години сака некое скалило
погоре во неговата кариера, ако се земе во предвид тоа што се согласи на нов
договор и покрај интересот од великан како Барселона.
Everton have turned down an offer of €100m (£85m) from Barcelona for Brazilian striker Richarlison.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 29, 2020