Евертон објави фотографии од фудбалерите кои ќе се степаа против Манчестер јунајтед, испрати јасна порака (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

На натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Евертон, одигран во понеделник, се случи сцена каква што ретко се гледа на фудбалските терени. Играчите на Евертон, Идриза Гана Геј и Мајкл Кин, прво влегоа во жестока вербална расправија, по што Геј му удри шлаканица на својот соиграч. Сенегалецот веднаш доби црвен картон, но и покрај тоа Евертон успеа да слави со 1:0.

Од клубот брзо ја смирија ситуацијата и ставија до знаење дека недоразбирањето меѓу двајцата е минато. Тренерот Дејвид Мојс дури изјави дека му е „драго“ што гледа тензија меѓу своите играчи, алудирајќи на нивната желба за победа.

Евертон денес на социјалните мрежи објави фотографија од тренинг на која Геј и Кин се прегрнати, додавајќи кратка порака „само љубов“ со што јасно стави до знаење дека меѓу нив повеќе нема проблеми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×