Евертон имал побогата понуда од Атлетико Мадрид за Коста

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид ова лето го врати Диего Коста дома,
Шпанецот за сума од 59 милиони фунти премина во својот поранешен клуб, но Челси
имал многу побогата понуда за него, и тоа од Евертон.

Според информациите кои во јавноста ги пласираа медиумите
на Островот, Евертон понудил 70 милиони фунти за Коста, Челси ја прифатил оваа
понуда, но Шпанецот имал само една желба, а тоа е да се врати во Мадрид, по што
клубот од Лондон морал да остане покус за околу 11 милиони фунти од овој
трансфер.

Поради суспензијата од регистрација на фудбалери,
Атлетико Мадрид ќе го има целосно на располагање својот старо-нов напаѓач од
јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани