Евертон ја наполни
мрежата од голот на Де Хеа и го совлада Манчестер јунајтед со убедливи 4-0 на
домашен терен во редовното 35 коло од Премиерлигата, на паузата домаќините имаа
водство од 2-0, и уште од тој период од средбата најавија победа.
Ришарлисон во 13.
минута со еден убав гол ги донесе домаќините во водство од 1-0, а истото го
дуплираше Сигурдсон со исто убав гол од далечина во 28. минута.
Гостите беа
немоќни на Гудисон Парк, делуваа неорганизирано, па наместо да се обидат да се
вратат резултатски, Евертон веќе во 56. минута зголеми на 3-0 преку Диње, а
Волкот во 64. минута ги постави конечните 4-0 од оваа пресметка.
again and again
pic.twitter.com/n6mDmMbtL6
Walcott came unto the field to become the pall-bearer at Man Utd's funeral. Everton 4:0 Man Utd. #ExeSightSports #PremierLeague #EVEMUN pic.twitter.com/PfBHRp0BCT
— ExeSight Sports (@ExesightSports) April 21, 2019
На табелата,
Манчестер јунајтед со 64 бода заостанува два бода зад Арсенал кој денеска на
домашен терен го пречекува Кристал Палас.