183
Во првиот меч без Марко Силва, Евертон одигра одличен натпревар и го совлада Челси со 3-1.
Дека ги очекува добар резултат најави Ришарлисон уште во петтата минута кога со глава погоди за водство од 1-0.
По четири минути игра во второто полувреме Калверт Левин го зголеми водство на 2-0, а само три минути подоцна Ковачиќ со убав погодок од далечина намали на 2-1 и го врати Челси во игра.
Гостите од Лондон бараа израмнување, но наместо тоа примија и трет гол и тој беше дело на Калверт Левин. Во 84. минута играчот на Евертон на интересен начин ја протна топката во мрежата на Челси за конечни 3-1.