Евертон го губи трпението, Баркли доби ултиматум од Куман

by
1 минути читање

Англискиот
премиерлигаш Евертон полека но сигурно го губи трпението околу неизвесноста со
Рос Баркли. Холанѓанецот Роналд Куман јавно му порача на својот фудбалер дека
има рок од седум дена да одлучи дали ќе потпише нов договор со „Карамелите“ или
ќе си замине од тимот.

„Рос има рок од
една недела, Управниот одбор на клубот долго време работеше на тоа да го убеди
да остане, сега топката е на негова страна, но едно е сигурно, нема да го чекам
долго, или ќе остане, или ќе купуваме играч на таа позиција“
изјави Куман.

Неофицијалните
информации од „Островот“ велат дека тимот од „Гудисон Парк“ му нуди значително
повисока плата од моменталната која изнесува 47.000 евра неделно, или околу
2.250.000 евра годишно.

Договорот на 23.
годишниот англиски репрезентативец со Евертон истекува наредното лето, а за
неговите услуги сериозен интерес пријавуваат Тотенхем и Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани