Евертон го гледа Несторовски како замена за Лукаку!?

by
1 минути читање

Медиумите од
Италија во саботата објавија дека на средбата помеѓу Јувентус и Палермо на
трибините имало скаути на Евертон кои добро внимавале на играта на Илија
Несторовски.

На оваа сторија
сега се придоврзува „Д Сан“, таблоидот пишува дека „Карамелите“ во Македонецот
гледаат потенцијална замена за Ромелу Лукаку.

Евертон се
обидува да го обнови договорот на својот најдобар голгетер, но големи се
шансите Белгијанецот летоска да замине од Мерсисајд.

Фантастичната форма на
Ромелу Лукаку оваа сезона го привлече вниманието на неколку големи клубови кои се спремни да го одврзат ќесето.

Палермо за
услугите на Илија Несторовски бара помеѓу 15 и 20 милиони евра, и се верува
дека оваа сума нема да преставува проблем за Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани