Евертон блиску до ангажман на Нианг, Лападула сака да остане во Милан

by
2 минути читање

Во текот на
вчерашниот ден пренесовме за дел од информациите кои во јавноста ги пласираа
италијанските медиуми, Евертон на шопинг во Милано, станува збор за три
фудбалери на Милан, односно, исто толку и од Интер.

Евертон е
конкретен во намерата да ангажира двајца фудбалери на Милан, станува збор за М
Баје Нианг и Џанлука Лападула. Иако се
шпекулираше дека на листата на желби на тимот од Ливерпул, истовремено се наоѓа
и Карлос Бака, во моментов нема информации дека тој бил тема на разговорот
помеѓу официјалните претставници на двата клуба.

Фото: calciomercato.com

Италијанските
медиуми пишуваат дека Евертон за ангажман на Нианг нуди 18 милиони евра, понуда
која е извесно дека Милан ќе ја прифати. Сепак, одлуката останува на напаѓачот
кој побарал одреден период за да донесе одлука, потенцирајќи дека има голема
желба да се врати во Премиерлигата.

„Калчомеркато“
известува дека 27 годишниот Џанлука Лападула не е заинтересиран да го напушти
тимот на Милан во блиска иднина, фудбалерот наводно преферира да остане во
Италија, па така оваа опција се чини дека пропаѓа.

За Евертон
интересни од редовите на вториот тим од Милано, Интер, се Евер Банега, Марсело
Брозовиќ и Џејсон Муриљо.

Доколку се сумира
за тоа како е расположен англискиот премиерлигаш ова лето на трансфер пазарот,
се чини дека за следната сезона ќе има мошне амбициозен тим кој сигурно ќе
атакува на топ 4 во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани