92
Атлетико вчера беше на прагот на пораз на гостувањето кај Џирона, со двата гола на Стуани домаќините имаа предност од 2-0, а потоа Гризман набрзина доби два жолти картони и беше испратен во соблекувалната.
Сепак, „Колчонероси“ со погодоците на Кореа и Хименез стигнаа до 2-2, а за овој бод голема заслуга има и Јан Облак.
Длабоко во судиското надополнување, Словенецот имаше чудесна интервенција со која го сочува својот гол, и покажа зошто ПСЖ е спремен да плати фантастични 100 милиони евра за неговите услуги.
Jan Oblak has just denied Kayode the debut goal and winner. Fantastic save. Game ends 2-2 pic.twitter.com/9qjU9YeRPY
— Calvin ‘Emeka Onwuka (@CalvinEmeka) August 19, 2017