Еве на која позиција ќе беше Реал без головите на Рамос (ФОТО)

by
2 минути читање

Капитенот на
„Кралевите“ уште еднаш се покажа како клучен играч на вчерашниот дуел со Бетис,
откако во завршните 10 минути од средбата погоди за 2-1 и го врати Реал Мадрид
на врвот на табелата.

Серхио Рамос има
неколку важни голови оваа сезона, па АС пресмета на која позиција ќе бил Реал
Мадрид без погодоците на дефанзивецот.

Тој постигна гол
против Виљареал и обезбеди бод за неговиот тим во 5. коло, а потоа ја затресе и
мрежата на Камп Ноу против Барса за ново реми.

На дуелот со
Депортиво, Рамос погоди за 3-2 во завршницата, па наместо само бод, Реал од
оваа средба освои цел плен.

Серијата на
Серхио Рамос продолжи и на стартот од оваа година, постигна два гола против
Малага во 19. коло за три бода и победа од 2-1.

Слична беше
ситуацијата и вчера, кога во 81. минута донесе нова победа од 2-1 над Бетис.

Со своите погодоци тој на Реал Мадрид му донел девет бода, и сега Реал Мадрид е
на врвот на табелата со два бода повеќе во однос на Барселона.


Без головите на
Серхио Рамос, „Кралевите“ ќе биле дури трети, со -9 во однос на Барса, -4 во
однос на Севиља и само бод повеќе од четвртопласираниот Атлетико Мадрид.

Дефанзивецот исто
така постигна и гол против Осасуна, но тогаш Реал славеше со убедливи 5-2, па
на Серхио Рамос не му се придава голема заслуга за овој триумф.

Шпанецот погоди и во дуелот со Севиља во Суперкупот на Европа кога го
однесе натпреварот во продолженија.

Тој исто така го
олади и Наполи во Лигата на Шампионите со два гола за пет минути на реваншот на
Сан Паоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани