Еве како тетоважата од раката на Казорла се најде на зглобот на ногата, Шпанецот пак проговори за својот кошмар (ФОТО)

by
3 минути читање

Санти Казорла
последен пат играше во октомври 2016 и поради проблеми со скочниот зглоб,
мораше да замине на операција во декември.

Шпанецот по
операцијата се огласи на социјалните мрежи, и соопшти дека се било перфектно и
изрази желба што поскоро да се врати на терените.

Но ваквите најави
никогаш не се реализираа, фановите често се прашуваа што се случува со
фудбалерот од средниот ред, и во мај месец Санти Казорла откри дека
преживува пекол.

Од декември до
мај дури осум пати бил „под нож“, добил бактерија во операционата сала,
заработил инфекција на коската, раната не сакал да се затвори и морале да му
направат графт.

Во разговор со
Марка, тој сега обелодени нови детали од кошмарот, докторите му рекле дека
треба да биде среќен ако прооди пак и постоела можност да му ја ампутираат
ногата.

„Повредата
воопшто не беше едноставна. Докторите ми рекоа „Ако можеше повторно да си играш
со синот во двор, биде среќен“
– раскажува Казорла.

„Раната не сакаше
да заздрави, се отвараше постојано и добивав инфекција. Инфекцијата ја зафати и коската и
Ахиловата тетива
.

„Постоеше можност
да ми ја ампутираат и ногата
.


Шпанецот останал
без 8 цм од Ахиловата тетива, а му е пресадена и кожа, па така дел од тетоважата
од раката сега се наоѓа на скочниот зглоб на неговата нога.

Изминативе месеци
тој интензивно работи на рехабилитација и желба му е да се врати на терените на
стартот од следната година.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани