Младата
македонска фудбалска репрезентација вечерва го игра историскиот меч против
Шпанија во рамките на првото коло од групата „Б“ од Европското првенство во
Полска за фудбалери до 21 годишна возраст.
Имаме можност да
проследиме како дел од шпанските медиуми го најавуваат мечот, во преден план се
„Марка“ и „АС“.
„Алберт Селадес
веќе го дефинираше тимот, тој мора да почне на најдобар можен начин. Нема да
биде тешко, противник на стартот ќе биде Македонија, опасен противник, но не би
требало да биде супериорен кон нашите ѕвезди“ – пишува „Марка“ во најавата за
вечерашниот меч.
„Прв наш
противник е Македонија, тим кој многу добро знае колку може против
индивидуалните квалитети на Шпанија. Можеме да најавиме дека нашите фудбалери
ќе им се спротистават на противници кои се мотивациски на големо ниво“ –
најавува „АС“, кој притоа дополнува…
„Селекторот
Благоја Милевски ќе мора да бара од своите фудбалери 100% мотивација за овој
натпревар“ пишува во првиот дел, додека во продолжение ги пренесува изјавите на
Зајков и Елмас во пресрет на вечерашната пресметка“
„Ѓоко Зајков,
фудбалерот на белгиски Шарлелоа е фудбалер кој е лидер во дефанзивната линија
на Македонија и еден од големите надежи на фудбалот на оваа земја на Балканот“
завршува во својата најава „АС“.
Како за исправка
на најавите на дел од шпанските медиуми, капитен на Македонија за вечерашната
пресметка е Давид Бабунски, почетните состави можете да ги проследите – ТУКА.
Мечот помеѓу
Македонија и Шпанија во Гдиња на арената „Мијески“ ќе го суди австрискиот
арбитар Харалд Лехнер.
Фото-вест:
ffm.mk (Архива, првиот тренинг на
Македонија У21 во Гдиња на „Мијески“)