Еве како Реал ќе се обиде да го убеди Варан да остане, но се работи и на план Б

by
1 минути читање

На средината од
март, Л’Екип пренесе дека Рафаел Варан сериозно размислува за нов предизвик во
кариерата, а оваа недела од Шпанија пристигна информација дека дефанзивецот
веќе ги известил лидерите на клубот дека сака да ја промени средината.

Сепак, ниту Реал,
ниту Зинедин Зидан не сакаат да останат без дефанзивецот. Зизу неодамна порача
дека не може да ги замисли „кралевите“ без Рафаел Варан.

Па веќе се прават
напори да го разубедат Рафаел Варан да се предомисли и да продолжи на
„Бернабе“. Според АС, еден од адутите ќе биде нов побогат договор за 50%.

Весникот пишува
дека Реал планирал во 2020 да седне со играчот на маса и да разговара за продолжување на соработката, но новонастаната ситуација ќе предизвика веќе сега да
му биде понуден нов договор на Рафаел Варан.

„Кралевите“ се
подготвни да го направат Французинот еден од најплатените во тимот со годишни
примања од 9 милиони евра (наспроти сегашната плата од 6 милиони евра)

АС додаде дека во исто време се работи и на план Б во случај Рафаел Варан да
остане на ставот. Калиду Кулибали од Наполи и Хосе Мариа Хименез од Атлетико
Мадрид се имињата кои се гледаат како потенцијални замени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×