Еве како Новак Ѓоковиќ славеше на трибината во Зеница по босанската победа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, беше меѓу специјалните гости на мундијалскиот бараж натпревар меѓу Босна и Херцеговина и Италија во Зеница и одблиску го проследи историскиот успех на домашната селекција.

Тој се најде во центарот на вниманието по завршувањето на пенал-драмата, во која Босна и Херцеговина ја елиминираше Италија и обезбеди пласман на Светското првенство.

Решавачкиот момент го донесе Есмир Бајрактаревиќ, кој беше прецизен од белата точка за конечни 4-1 во пенал серијата против Џанлуиџи Донарума, по што следуваше ерупција од воодушевување на „Билино поле“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×