Шкотот не сака да
го види Мино Рајола поради тоа што контроверзниот агент придонесе Пол Погба да
замине од Олд Трафорд како слободен играч.
„Има еден или
двајца фудбалски агенти кои не ги поднесувам, Мино Рајола е еден од нив” – напиша во својата книга Сер Алекс
Фергусон.
„Јас и тој бевме
како вода и масло”.
За разлика од Сер
Алекс Фергусон, Жозе Мурињо одлично се разбира со Мино Рајола, и минатото лето
„Специјалниот“ го искористи агентот за да донесе тројца негови клиент: Златан
Ибрахимовиќ, Хенрих Михитарјан и Пол Погба, за кого беа платени рекордни 105 милиони
евра.
Ферги останува на
својот став за Мино Рајола и сега на интернет се појави видео во кое поранешниот
менаџер на Манчестер јунајтед го нарекува агентот „вреќа го*на“.
Тој пред неколку
месеци држел говор пред рагби тимот Сејл Шаркс, а еден играч постави прашање
како никој не успеал да примети талентот на Пол Погба и неговиот потенцијал да
стане 100 милиони фунти вреден играч.
„Полг Погба? Тој
имаше лош агент, вреќа го*на!“” – одговори Фергусон и изнуди насмевка кај сите присутни.