Белгијанецот важи
за еден од најдобрите голмани, секоја година има интерес за неговите услуги, па
Тибо Куртоа знае како да го искористи сето ова во преговорите со Челси за нов
договор.
Голманот, кој во
овој момент има неделна плата од 100.000 фунти, пред две недели го одби првиот
предлог на „Сините“ за продолжување на соработката.
Се верува дека
Тибо Куртоа бара двојно повеќе, или 200.000 фунти неделно со што би станал еден
од најплатените играчи на Стемфорд Бриџ
Шампионот на
Англија дополнително е ставен под притисок со изјавите на агентот на голманот,
кој открива дека постојано е во контакт со Реал Мадрид.
„Најголемите
клубови се заинтересирани за Тибо Куртоа, а во нив спаѓа и шампионот на Европа” – вели Кристоф Енротај.
„Редовно имам
состаноци со директори на Реал Мадрид и ситуацијата на Куртоа се разгледува”.
„Моја задача е да
го информирам за сите случувања”.
И додека
веројатно има вистина во интересот на Реал Мадрид, малку веројатно е
„Кралевите“ да тргнат по Тибо Куртоа.
Се верува дека
Кејлор Навас ќе остане прв голман на Бернабеу бидејќи ужива голема доверба кај
Зинедин Зидан, а е омилен и во соблекувалната на Реал.
Исто така Давид
Де Геа долги години е желба на Флорентино Перез, а Реал ја следи и ситуацијата
на Џиџо Донарума, кој може да биде купен за пристојна сума.
Па многу веројатно ваквата изјава на агентот е само обид што поскро Челси да излезе во пресрет
на барањата на Тибо Куртоа.