Тимот на Еуромилк Горно Лисиче денеска со убедливи 5-1 ја победи екипата на Пчиња во последното коло од есенскиот дел во Третата македонска фудбалска лига – Север, а по мечот се славеше со зурли и тапани.
Клубот од Горно Лисиче е прв на табелата со предност од седум бода пред Аеродром, амбициите се влез во Втората лига, а според формата и квалитетот многу реална е таа цел.
Погледнете како денеска се славеше есенската титула: