Еуфорија во Истанбул: Галатасарај плати 75 милиони евра и го доведе најголемото засилување во својата историја (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Галатасарај изминатата вечер го доведе своето најголемо засилување во 120-годишната историја.

Гигантот од Истанбул го доведе Виктор Осимен кој за 75 милиони евра го комплетираше трансферот од Наполи. Нигериецот во минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер за турскиот гигант и постигна 37 голови на 41 натпревар, но потоа се врати во Неапол каде што чекаше двете страни да е договорат.

При овој трансфер фановите на Галатасарај покажаа и зошто важат за едни од најверните во светот. Имено, Галатасарај на својот јутјуб канал објавив стрим од летот на Нигериецот и тој стрим го следеа дури 3.5 милиони луѓе.

Исто така илјадници навивачи приредија спектакуларен пречек за Осимен на аеродромот. Галатасарај на Наполи веднаш ќе му плати 40 милиони евра, додека преостанатите 35 ќе бидат исплатени на рати. Треба да се каже и дека во договорот на Осимен има клаузула според која турскиот гигант не смее да го продаде на друг италијански клуб до летото 2027 година. Осимен ќе потпише договор на три години вреден вкупно 45 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×