Ето ја исфрли камерунската ѕвезда од репрезентацијата за да си го сочува рекордот?

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на Камерунскиот фудбалски сојуз, Самуел Ето, повторно е во центарот на вниманието по медиумските информации дека намерно го изоставил Винсент Абубакар од списокот за Африканскиот куп на нации 2025. Искусниот напаѓач на Нефчи, кој има 33 години и игра во одлична форма, не се најде меѓу избраниците за турнирот што ќе стартува на 21 декември во Мароко.

Отсуството на Абубакар предизвика големи реакции во фудбалската јавност. Како што пренесува „The Sun“, Ето кој има големо влијание врз репрезентативните одлуки, го тргнал напаѓачот од списокот поради страв дека може да го сруши неговиот рекорд како најдобар стрелец во историјата на Камерун. Абубакар досега постигнал 45 голови на 117 настапи, додека Ето останува рекордер со 56 голови на 118 натпревари. Напаѓачот е на само единаесет погодоци од историски подвиг.

Наводно, токму заради зачувување на рекордот, Ето ја искористил својата позиција и се погрижил Абубакар да не биде дел од националниот тим за претстојниот голем турнир.

Камерун ќе игра во групата Ф заедно со Габон, Брегот на Слоновата Коска и Мозамбик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×